Примена на хипербарична оксигенација како физичка подготовка

Хипербаричната оксигенација применета непосредно пред или после интензивен физички напор ги подобрува физичките перформанси и влијае на зголемување на работната способност на спортистот, како и намалување на интензитетот на спортските повреди.

Дишењето на 100% кислород под притисок го зголемува интензитетот на аеробната физичка работа преку зголемување на максималната потрошувачка на кислород, подобро поднесување на анаеробното оптоварување како и намалена продукција и забрзана елиминација на лактатите.

Зголемениот парцијален притисок на кислород во ткивата покренува позитивни метаболички механизми на клеточно ниво, а посебно на ниво на мускулна клетка која се манифестира низ следниве механизми:

  • ја активира биосинтезата на системските и ткивните хормони;
  • ја зголемува продукцијата на антиоксидативните ензими;
  • ги активира регенеративните биосинтетски процеси (ја зголемува синтезата на РНК и ДНК);
  • ја зголемува концентрацијата на миоглобин и гликоген во мускилната клетка;
  • ги надополнува енергетските депоа на мускулната клетка, што е од посебна важност за врвните спортисти;

Со континуирана употреба на хипербарична оксигенација во мали серии непосредно пред, како и за време на натпревари, се зголемува вкупната издржливост на спортистот, се намалуваат повредите на играчите и на безбеден начин, без употреба на хемиски супстанции се постигнуваат врвни спортски резултати без страв од допинг тестирања.

Со третирање во комората по физичко оптоварување се постигнува:

  • забрзување на метаболизмот;
  • забрзано лачење на млечна киселина;
  • скратување на периодот на опоравување;
  • простор за зголемен број и интензитет на тренинзи;
  • зголемена ефикасност при репетирани физички напори, како на пример при натпревари;