Kако да се подготвите за хипербаричен кислороден третман

· ‑4 часа пред изведување на третманот не се препорачува конзумирање на алкохол, газирани пијалоци и пушење.
· Пред третманот се конзумира лесен оброк.
· Облечете 100 % памучна облека. Секој клиент во Специјализираниот HBO2T‑центар добива заштитен мантил, капа и заштита за обувките.
· Извадете го целиот накит, часовници, очила, контактни леќи и оставете ги во кутиите за таа намена.
· Во хипербаричната комора не се внесуваат мобилни телефони, електронски уреди и други запаливи предмети.
· Техниките за изедначување на притисокот (џвакање, голтање, зевање, Валсалва маневар) се изведуваат со помош на дадените инструкции од вработените.
· Пред изведување на третманот потребно е да се пополни прашалник, согласност за изведување на хипербаричен кислороден третман, како и да се направи процена на клиентот за кои не се препорачува изведување на вакви третмани.
· При изведување на третманот, потребно е устата да биде празна, без бонбони и без гуми за џвакање.
· 24 часа по изведување на хипербаричниот кислороден третман не се препорачува патување со авион.