Специјализиран ХБО2Т ‑ Центар
Објаснувањето е едноставно. Ќе Ви кажеме каде сме и како да нѐ побарате, а Вам Ви останува да нѐ посетите и да ја открите тајната на името.
Кога на младоста, енергичноста, желбата за предизвици и работни успеси, ќе го додадете искуството, знаењето, упорноста и мудроста, ќе ја добиете вистинската слика на нашиот мал, но успешен работен тим. Ќе Ви кажеме каде сме и како да нѐ побарате, а Вам Ви останува да нѐ посетите и да ја открите тајната на името.
Што претставува хипербаричен кислороден третман
Хипербаричен кислороден третман е процес при кој луѓето дишат стопроцентен кислород во хипербарична комора, на повисок притисок од атмосферскиот.
Ова овозможува транспортирање на зголемено количество кислород преку крвта и крвната плазма до клетката. На овој начин клетката добива повеќекратно количество на кислород од вообичаеното транспортирано на конвенционален начин преку хемоглобинот.
- Стопроцентен кислород
- Ефикасно одржување и нега на организмот.
Како се изведуваат хипербаричните кислородни третмани
Хипербаричните кислородни третмани се изведуваат во хипербарична комора, дизајнирана според светските стандарди за безбедност.Третманот се одвива во три фази:
Фаза на компресија
Фаза на изопресија
Фаза на декомпресија
Kако да се подготвите за хипербаричен кислороден третман?
4 часа пред изведување на третманот не се препорачува конзумирање на алкохол, газирани пијалоци и пушење.
- Пред третманот се конзумира лесен оброк.
- Во хипербаричната комора не се внесуваат мобилни телефони, електронски уреди и други запаливи предмети.
- Техниките за изедначување на притисокот (џвакање, голтање, зевање, Валсалва маневар) се изведуваат со помош на дадените инструкции од вработените.