Примена на хипербарична оксигенација како физичка подготовка
Хипербаричната оксигенација применета непосредно пред или после интензивен физички напор ги подобрува физичките перформанси и влијае на зголемување на работната способност на спортистот, како и намалување на интензитетот на спортските повреди.
Дишењето на 100% кислород под притисок го зголемува интензитетот на аеробната физичка работа преку зголемување на максималната потрошувачка на кислород, подобро поднесување на анаеробното оптоварување како и намалена продукција и забрзана елиминација на лактатите.
Зголемениот парцијален притисок на кислород во ткивата покренува позитивни метаболички механизми на клеточно ниво, а посебно на ниво на мускулна клетка која се манифестира низ следниве механизми:
- ја активира биосинтезата на системските и ткивните хормони;
- ја зголемува продукцијата на антиоксидативните ензими;
- ги активира регенеративните биосинтетски процеси (ја зголемува синтезата на РНК и ДНК);
- ја зголемува концентрацијата на миоглобин и гликоген во мускилната клетка;
- ги надополнува енергетските депоа на мускулната клетка, што е од посебна важност за врвните спортисти;
Со континуирана употреба на хипербарична оксигенација во мали серии непосредно пред, како и за време на натпревари, се зголемува вкупната издржливост на спортистот, се намалуваат повредите на играчите и на безбеден начин, без употреба на хемиски супстанции се постигнуваат врвни спортски резултати без страв од допинг тестирања.
Со третирање во комората по физичко оптоварување се постигнува:
- забрзување на метаболизмот;
- забрзано лачење на млечна киселина;
- скратување на периодот на опоравување;
- простор за зголемен број и интензитет на тренинзи;
- зголемена ефикасност при репетирани физички напори, како на пример при натпревари;