Како се изведуваат хипербаричните кислородни третмани
Хипербаричните кислородни третмани се изведуваат во хипербарична комора, дизајнирана според светските стандарди за безбедност. Во текот на третманот клиентите се под постојан видео и аудио надзор од специјално обучен кадар за управување со хипербарична комора. Третманот се одвива во три фази:
Фаза на компресија – во текот на оваа фаза се зголемува притисокот во комората, со цел да се постигне потребниот притисок на кој се изведува третманот. Притоа се чувствува притисок во ушите како при летање со авион или при качување на планина.
Фаза на изопресија – Фаза во која се одржува притисокот во комората. Преку кислородната маска клиентот добива соодветна количина кислород. Ова се моменти за релаксација, одмор, целосно искористување на позитивните ефекти на кислородот врз вашето здравје и убавина. Траењето на оваа фаза се определува индивидуално, според потребите на клиентот.
Фаза на декомпресија – Фаза во која постепено се намалува притисокот во комората. Брзината на намалување се приспособува за секој клиент. Просечното траење на оваа фаза изнесува 10‑15 минути.