Физиолошки основи и примена на НВО
- Намалена или целосоно елиминирана хипоксија.
- Генерално подобрена циркулација. (ја намалува вискозноста на плазмата, ја намалува агрегабилноста на тромбоцитите, создава нови крвни садови и ја зголемува еластичноста на еритроцитната мембрана)
- Зголемена продукција на колаген, забрзана регенерација на кожното и поткожното ткиво и зараснување на раната.
- Моќно антиоксидантско дејство. Стимулација на моќни антиоксидантски ензими кои го продолжуваат животот на клетките и овозможуваат нивно правилно функционирање и со тоа успорено оксидативното оштетување на ткивото и процесот на стареење.
- Зголемена елиминација на инертните гасови од ткивата.
- Зајакнат имунитет на природен и здрав начин. Со зголемување на моќта на белите крвни клетки(нивната фагоцитна способност), особено осетливи на хипербарични кислородни третмани се анаеробните бактерии(микроорганизми кои живеат без кислород). Фагоцитите претставуваат прва и најважна одбранбена линија од инфекција. Овие третмани претставуваат ефикасно решение за да ги победите честите инфекции.
- Обнова и подобрување на клеточната функција кај клетките кои се зависни од кислород: леукоцити, фиброцити, остеоцити, нервни клетки…
- Го забрзува создавањето на ново коскено ткиво. Коскената репарација е успорена или инхибирана во хипоксични услови. Поради тоа паѓа остеокластичната активност и притоа го оневозмужува чистењето на некротичната коска. Зголемувањето на парцијалниот притисок на кислородот ја забрзува ангиогенезата и го враќа нормалниот капацитет и пролиферацијата на остеобластите.
- Намалување на обемот на гасните меурчиња. Волуменот на гасните меурчиња на притисок од 2 АТА е за 1/6 помал во однос на волуменот при нормален притисок.
- Подобрена ментална функција и скратено време на спроведување на нервните импулси.