Физиолошки основи и              примена на НВО

 

  • Намалена или целосоно елиминирана хипоксија. 

 

  • Генерално подобрена циркулација. (ја намалува вискозноста на плазмата, ја намалува агрегабилноста на тромбоцитите, создава нови крвни садови и ја зголемува еластичноста на еритроцитната мембрана)

 

  • Зголемена продукција на колаген, забрзана регенерација на кожното и поткожното ткиво и зараснување на раната.

 

  • Моќно антиоксидантско дејство. Стимулација на моќни антиоксидантски ензими кои го продолжуваат животот на клетките и овозможуваат нивно правилно функционирање и со тоа успорено оксидативното оштетување на ткивото и процесот на стареење.

 

  • Зголемена елиминација на инертните гасови од ткивата.

 

  • Зајакнат имунитет на природен и здрав начин. Со зголемување на моќта на белите крвни клетки(нивната фагоцитна способност), особено осетливи на хипербарични кислородни третмани се анаеробните бактерии(микроорганизми кои живеат без кислород). Фагоцитите претставуваат прва и најважна одбранбена линија од инфекција. Овие третмани претставуваат ефикасно решение за да ги победите честите инфекции.

 

  • Обнова и подобрување на клеточната функција кај клетките кои се зависни од кислород: леукоцити, фиброцити, остеоцити, нервни клетки…

 

  • Го забрзува создавањето на ново коскено ткиво. Коскената репарација е успорена или инхибирана во хипоксични услови. Поради тоа паѓа остеокластичната активност и притоа го оневозмужува чистењето на некротичната коска. Зголемувањето на парцијалниот притисок на кислородот ја забрзува ангиогенезата и го враќа нормалниот капацитет и пролиферацијата на остеобластите.

 

  • Намалување на обемот на гасните меурчиња. Волуменот на гасните меурчиња на притисок од 2 АТА е за 1/6 помал во однос на волуменот при нормален притисок.

 

  • Подобрена ментална функција и скратено време на спроведување на нервните импулси.