Што претставува хипербаричен кислороден третман
Хипербаричен кислороден третман е процес при кој луѓето дишат стопроцентен медицински кислород во хипербарична комора, на повисок притисок од атмосферскиот.
Ова овозможува транспортирање на зголемено количество кислород преку крвта и крвната плазма до клетката. На овој начин клетката добива повеќекратно количество на кислород од вообичаеното транспортирано на конвенционален начин преку хемоглобинот.
Како дејствува хипербаричниот кислород?
Воздухот што го вдишуваме содржи 21 % кислород на атмосферски притисок од 760mm живин столб. Кога вдишуваме чист кислород на притисок повисок од атмосферскиот, „хипербаричниот“ кислород растворен во крвта и во крвната плазма на човечкото тело ја храни секоја клетка. Овој дополнителен кислород навлегува во зоните сиромашни со кислород, што е предизвикано од повреди или од хронични проблеми и заболувања, со што се создаваат услови за побрзо и ефикасно закрепнување и вракање во кондиција.